УТРО.мк

Македонија ја проширува дипломатската мрежа: Се отвора македонска амбасада во Литванија

Македонија ја проширува дипломатската мрежа: Се отвора македонска амбасада во Литванија
Vero

Владата, по предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донесе одлука за отворање на ново дипломатско претставништво во Балтикот: Амбасада на Република Македонија во Вилнус, Литванија.

Со оваа стратешка одлука се воспоставува постојано дипломатско присуство во литванската престолнина, што се очекува да отвори нова динамика во билатералните односи. Од Владата посочуваат дека присуството на терен ќе овозможи поинтензивна политичка комуникација, поефикасно застапување на државните интереси и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Новата амбасада во Вилнус нема да има само билатерална улога, туку ќе функционира и како регионален центар за покривање на целиот балтички простор. Преку неа ќе се координираат активности во политиката, економијата, културата и конзуларните прашања, со што се очекува значително да се засили присуството на земјата во овој дел од Европа.

Литванија, како една од поактивните членки на Европската Унија и НАТО, важи за силен поддржувач на политиките за проширување и на евроинтегративниот процес на Македонија. Во таа насока, двете држави веќе имаат воспоставено пријателски и партнерски односи кои дополнително се зацврстија и со одлуката на Литванија во ноември 2023 година да отвори своја канцеларија во Скопје.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран