УТРО.мк

ФОТО Еве каква СМС-порака ќе добиете од МВР ако ја надминете брзината во рамки на толеранцијата

ФОТО Еве каква СМС-порака ќе добиете од МВР ако ја надминете брзината во рамки на толеранцијата
Vero

Министерството за внатрешни работи воведе нов начин на комуникација со возачите, со цел да се подигне свеста за безбедноста во сообраќајот.

Доколку вашето возило биде снимено како се движи со брзина малку над дозволената, но сепак во рамките на законската толеранција, на вашиот мобилен телефон може да добиете информативна порака од MVR-INFO.

<strong>Што содржи пораката?</strong>

Според примерот кој се појави во јавноста, пораката ги содржи следните прецизни податоци:

  • Датум и време:Точниот момент кога е евидентирано прекршувањето (на пр. 04.02.2026 во 19:51 часот).
  • Податоци за возилото:Регистарската табличка на возилото со кое е управувано.
  • Измерена брзина:Точната брзина на движење (на пр. 56 km/h) наспроти дозволените 50 km/h.

Клучниот дел од оваа известување е појаснувањето дека не е изречена казна. МВР потенцира дека брзината е во рамките на законската толеранција, а самата порака е од превентивен карактер.

„Оваа порака е со превентивен карактер, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот“, стои во известувањето од МВР.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран