Северна Македонија, заедно со Србија и Молдавија, е издвоена како една од земјите што го предводат реформскиот напредок во енергетскиот сектор во текот на 2025 година, покажува најновата оценка на Енергетската заедница.
Според извештајот, овие три држави постигнале значителен напредок во усогласувањето со европското енергетско законодавство, особено во делот на пазарните реформи, регулаторната рамка и зајакнувањето на институционалните капацитети. Напредокот е оценет како клучен за унапредување на регионалната енергетска безбедност и интеграцијата во заедничкиот европски енергетски пазар.
За Северна Македонија, Енергетската заедница посочува дека реформите во електроенергетскиот и гасниот сектор, како и активностите за подобрување на регулаторниот надзор, придонеле земјата да се позиционира како позитивен пример во регионот. Посебен акцент е ставен на напорите за зголемување на транспарентноста, конкуренцијата и сигурноста во снабдувањето со енергија.
Во извештајот се наведува дека реформскиот моментум кај овие земји е важен сигнал за останатите членки на Енергетската заедница, но и дека предизвиците остануваат, особено во делот на имплементацијата на донесените политики и инвестициите во енергетска инфраструктура.
Од Енергетската заедница порачуваат дека одржувањето на ваквото темпо на реформи ќе биде клучно за понатамошното приближување кон ЕУ и за обезбедување стабилен, одржлив и конкурентен енергетски систем во регионот.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title



























