УТРО.мк

Денес во Собранието ќе се гласа за нафтената криза

Денес во Собранието ќе се гласа за нафтената криза
Vero

Пратениците на денешната седница во Собранието треба да се изјаснат за предлог за продолжување на постојната кризна состојба поврзана со можни прекини и нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Предлогот, кој доаѓа од Владата и веќе е усвоен на последната владина седница, предвидува мерката да остане во сила до 20 јули. Расправата по ова прашање е единствена точка на дневниот ред на 99. собраниска седница, закажана за 12 часот.

Како образложение за продолжувањето се наведуваат потенцијални ризици од нестабилности во снабдителните текови, кои би можеле да имаат последици врз енергетската сигурност и пошироката економска стабилност во земјата.

Доколку добие поддршка од пратениците, одлуката ќе почне да се применува од 21 април, по нејзиното објавување во „Службен весник“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран