Денеска во Кино Фросина при МКЦ ќе се одржи посебен хуманитарен настан со кој ќе се одбележи 15-годишниот јубилеј на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Настанот започнува во 18:30 часот, а собраните донации ќе бидат наменети за Интервентниот женски фонд, кој обезбедува директна помош на жени-жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат опасната средина.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Националната мрежа, која денес брои 25 организации членки, 15 години активно работи на препознавање и заштита на жените од родово базирано насилство и семејни форми на злоупотреба, се залага против фемицид и силно застапува за правата и интересите на жртвите. Овој јубилеј е не само повод за прослава, туку и потсетник за важноста од поддршка и солидарност кон жените кои секојдневно се соочуваат со насилство.
Со купување на билет за настанот, можете да донирате средства за Интервентниот женски фонд: 15 години – Од тишина во глас – Друга страна
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph


























