УТРО.мк

Жељко Бебек со сопругата прослави 24-годишнина од нивниот брак: „Тоа нешто наше“

Жељко Бебек со сопругата прослави 24-годишнина од нивниот брак: „Тоа нешто наше“
Vero

Босанската музичка легенда, Жељко Бебек, (80), и неговата сопруга Ружица Бебек, која е 34 години помлада, одбележаа импресивни 24 години брачен живот. По тој повод, пејачот сподели емотивна порака на социјалните мрежи, придружена со носталгични фотографии, една од нивната свадба во Дубровник и друга каде позираат со нивните деца, Звонимир и Катарина.

„Моја Ружице, уште една година ја поминавме заедно! Благодарам за секој миг полн со љубов, смеа и за сите наши најубави моменти. 24 || 6. 4. 2002. #ononeštonaše #љубав“, напиша Бебек во описот на објавата.

Ихната љубовна приказна започна неочекувано во дискотека во Посушје. Тогаш Ружица имаше само 18 години, а Бебек 52. Таа му пријде и побара заедничка фотографија, момент што ќе го памети засекогаш. „Откако таа си замина, се качив во колата и ја следев со надеж дека нејзиниот автомобил ќе застане, а јас ќе можам да ѝ помогнам“, раскажа Бебек во интервју за Gloria.hr.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран