УТРО.мк

Затворен еден од најпознатите хотели во светот: Почнува реконструкција

Затворен еден од најпознатите хотели во светот: Почнува реконструкција
Vero

Луксузниот хотел Бурџ Ал Араб во Дубаи ќе биде затворен за време на голема реконструкција што ќе трае околу 18 месеци, потврди член на персоналот.

Станува збор за прво големо реновирање на иконскиот хотел од неговото отворање во 1999 година. Според информации од сопственикот, хотелскиот синџир Џумеира Груп, работите ќе се изведуваат во фази, а проектот ќе го води парискиот архитект за ентериер Тристан Оер.

Сè уште не е целосно прецизирано дали објектот целосно ќе биде затворен во текот на целиот период на реконструкција, но персоналот информира дека за гостите ќе бидат обезбедени алтернативни сместувања во блиски хотели.

Хотелот, познат по својата препознатлива форма на едро и статус на еден од најлуксузните објекти во светот, останува еден од најважните симболи на туризмот во Дубаи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран