УТРО.мк

Повлечен шеќер од пазарот поради опасен алерген

Повлечен шеќер од пазарот поради опасен алерген
Vero

Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH) информира дека од пазарот се повлекува производот палмов шеќер „Royal Orient Palm Sugar“, тежина 454 грама, со датум на производство 28.05.2025 и рок на траење до 21.03.2027, поради присуство на неозначен алерген – сулфит диоксид (SO2).

Доколку сте чувствителни на сулфити, овој производ може да претставува ризик за здравјето. Лицата кои не се алергични можат да го користат без ограничувања.

Производот не е во согласност со европските регулативи за безбедност на храна и означување, а потекнува од Тајланд. Увозник за ЕУ е компанијата Asia Express Food од Холандија, а малопродажбата во Хрватска ја врши SARALEE THAI d.o.o. од Загреб.

Потрошувачите кои го поседуваат овој производ се советуваат да не го конзумираат и да се обратат до продавачот за дополнителни информации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран