УТРО.мк

Почина Биба Струја: Светски феномен со два Гинисови рекорди

Почина Биба Струја: Светски феномен со два Гинисови рекорди
Vero

Еден од најнеобичните феномени на нашето време, Славиша Пајкиќ, познат како Биба Струја, почина на 67 години по кратка, но жестока борба со болеста. Неговото семејство објави дека во јануари му бил дијагностициран агресивен мозочен карцином, кој брзо се рашири, оставајќи го светот без еден од најневеројатните луѓе на планетата. Неговиот погреб беше оддржан во родното село Полјана кај Пожаревац, каде близок круг роднини и пријатели му оддадоа последна почит.

Биба Струја не беше само локална легенда, тој двапати ја запишуваше својата име во Гинисовата книга на рекорди. Првиот пат, во 1983 година, светот го призна како човек способен да издржи екстремен електричен напон. Дваесет години подоцна, во Шведска, го надмина самиот себе: со своето тело како жив спроводник, успеа да загрее 15 милилитри вода од собна температура до 97°C за само една минута и 37 секунди.

Мистеријата околу неговата способност долго време ги будеше сомнежите на јавноста, но научниците на Институтот за физика во Белград открија дека неговата кожа носи ретка аномалија, ектодермална дисплазија. Липсата на влакна и потни жлезди ја правела неговата кожа природен изолатор, со отпорност на струја 50 пати поголема од просечната човечка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран