УТРО.мк

ОпенАИ го лансира „Атлас“ – пребарувач со вештачка интелигенција што може да ја смени иднината на интернетот

ОпенАИ го лансира „Атлас“ – пребарувач со вештачка интелигенција што може да ја смени иднината на интернетот
Vero

Компанијата за вештачка интелигенција ОпенАИ официјално го претстави својот нов веб-пребарувач „Атлас“, за кој многумина сметаат дека би можел да стане најголемиот конкурент на Гугл во последните две децении.

Извршниот директор Сем Алтман на презентацијата изјави дека целта на Атлас е „целосно да го редефинира начинот на кој луѓето пристапуваат до информации на интернет“. Пребарувачот користи напредни модели на вештачка интелигенција за да овозможи интерактивна комуникација со податоците – нешто што традиционалните пребарувачи, како Гугл Хром, не можат да го понудат, пренесува TechCrunch.

„Интернетот со години функционира според истите правила. Време е тие да се променат“, рече Алтман, најавувајќи дека Атлас може да донесе „нов интернет екосистем заснован на разбирање, а не само на пребарување“.

ОпенАИ веќе има огромна база на активни корисници преку својата алатка ChatGPT, која секоја недела ја користат околу 800 милиони луѓе. Експертите очекуваат дел од нив природно да преминат кон новиот пребарувач, што може значително да го намали досегот на Гугл и приходите од рекламирање.

Во моментот Атлас се наоѓа во тест-фаза и не прикажува реклами, но од ОпенАИ најавуваат дека во иднина ќе разгледаат модели за монетизација. Интересно е што новиот пребарувач може директно да го анализира контекстот од прозорецот на корисникот – што го прави особено вреден за идните системи на персонализирани резултати и паметно рекламирање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран