ОВЕН
Месецов ќе биде поспор и ќе носи потреба за ретроспектива. Ќе ги преиспитувате успесите, но и плановите што ви се чинат недостижни. Не брзајте да ги етикетирате своите идеи како нереални — тие имаат потенцијал, само бараат појасен фокус.
БИК
Месецов ќе избегнувате да се соочите со сопствените емоции, убедени дека немате сила за љубовните предизвици. Притисокот за промена ќе расте, а во исто време ќе копнеете по утеха и стабилност. Дозволете си мир.
БЛИЗНАЦИ
Месецов може да донесе периодична нервоза без јасна причина. Луѓето околу вас ќе ве вознемируваат, но тоа ќе трае кратко. Избегнувајте конфликти и држете се до вашата рутина — така најбрзо ќе се намали тензијата.
РАК
Една стара грижа конечно ќе биде надмината. Ќе почувствувате повеќе толеранција и подготвеност да им се доверите на блиските. Ново хоби ќе ви донесе опуштање и рамнотежа.
ЛАВ
Некои исходи ќе ве изненадат, особено оние за кои сте мислеле дека никогаш нема да тргнат во ваша корист. Енергијата ќе ви биде намалена и ќе ви треба одмор. Финансиските грижи бараат внимателно планирање — време е за сериозен бизнис план.
ДЕВИЦА
Месецов вниманието лесно ќе ви одлетува кон неважни нешта што не носат напредок. Потрудете се да останете фокусирани на она што навистина има значење. Вашите идеи се силни и ќе ве насочат правилно, иако стремежот кон „совршен живот“ ве исцрпува.
ВАГА
Месецов ќе имате желба за внатрешно и надворешно „чистење“. Ќе сакате да се ослободите од се’ што ве оптоварува. Некој добар знак ќе ви даде надеж, а можно е да пристигне важна порака или документ. Очекувајте и одредена конкуренција.
ШКОРПИЈА
Ова е месец кога не треба да се колебате. Задачите што ги одложувате може подоцна да станат товар, затоа преземете ги сега. Очекувајте напредок и ситуација што ќе бара тактичност. Вашиот труд ќе биде пофален.
СТРЕЛЕЦ
Стремежот да се докажете ќе ви создава блокади. Некои коментари ќе ве обесхрабрат, но останете на својот пат. Контролирајте го гневот — можно е да избувнете кон личност што не го заслужува тоа.
ЈАРЕЦ
Месецов можно е да бидете испровоцирани, но избегнувајте импулсивни реакции. Ќе барате начин да ја зголемите енергијата и мотивацијата. Пристигнува поволна бизнис понуда — разгледајте ја внимателно. Време е да ги исчистите старите стравови.
ВОДОЛИЈА
Страстите ќе ве водат, а овој месец е поволен да им се препуштите. Една ваша идеја можеби нема веднаш да биде прифатена, но не се откажувајте. Некој ќе ви довери тајна — размислете внимателно пред да ја споделите. Вашата цел ќе ја најдете внатре во себе.
РИБИ
Месецов ќе лутате со мислите и ќе копнеете по бегство или промена. Можно е симболично збогување со некоја личност или ситуација. Наместо да талкате ментално, фокусирајте се на работа — вашата продуктивност ќе биде висока.






















