УТРО.мк

Се подготвуваат мерки за брзите кредити и нелегалните агенции за наплата

Се подготвуваат мерки за брзите кредити и нелегалните агенции за наплата
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе бидат соопштени позитивни информации за граѓаните во врска со работењето на финансиските друштва што одобруваат брзи кредити и прашањето за нелегалните агенции за наплата на долгови.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Делчево, Мицкоски истакна дека надлежните институции работат на ова прашање, но засега не сакаше да открива детали за конкретните мерки.

„Ќе имаме деновиве убава вест за граѓаните, кога станува збор за овие финансиски институции коишто се даватели на вакви услуги, односно брзи кредити“, изјави премиерот.

Тој посочи дека активностите се спроведуваат во координација со Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија и труд.

„Сега во овој момент би се воздржал од каков било коментар, но заедно со Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија и труд, многу скоро ќе ги информираме граѓаните со убава вест“, истакна Мицкоски.

Изјавата следуваше како одговор на прашањето до каде е постапката за донесување законски решенија поврзани со брзите кредити и работењето на нелегалните агенции за наплата.

Премиерот не прецизираше дали најавените активности ќе опфатат нови законски ограничувања, засилени инспекциски контроли или други мерки за заштита на граѓаните.

Мицкоски очекува наскоро да биде отворен и граничниот премин Клепало

При посетата на Делчево, премиерот се осврна и на процесот за отворање на граничниот премин Клепало меѓу Македонија и Бугарија.

Тој изрази надеж дека преминот наскоро ќе биде ставен во функција, нагласувајќи дека за неговото отворање е неопходна добра волја од двете страни.

„Тоа е добрососедство, тоа е двонасочна улица. Вие можете да сакате колку сакате, но ако другата страна нема барем приближно иста амбиција, тогаш вие сте немоќни“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека очекува процесот да биде заокружен врз основа на меѓусебна подготвеност и конструктивна соработка.

„Очекувам овој процес да биде заокружен по принципот на добра волја и се надевам дека многу скоро и тој граничен премин ќе биде отворен“, порача Мицкоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран