УТРО.мк

Се очекува мало поскапување на дизелот

Се очекува мало поскапување на дизелот
Vero

Владата очекува од понеделник да дојде до намалување на цената на бензините, додека цената на дизелот ќе остане иста или ќе се зголеми за половина денар, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека мерката за намалување на ДДВ дава очекувани резултати и ја намали цената на горивата на домашниот пазар.

„Засега состојбата е стабилна и нема потреба од ограничувања. Владата ја следи ситуацијата и доколку има потреба, мерката ќе биде продолжена уште две недели или ќе се намалат акцизите“, изјави Мицкоски.

Регулаторната комисија за енергетика во понеделник треба да ги објави новите цени на горивата, откако минатиот понеделник цената на бензините остана иста, а на дизелот се зголеми за 3,5 денари по литар.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран