Скопје вечерва блесна под светлата на свечената церемонија на Македонската берза, каде беа доделени Годишните награди за 2025 година, признавајќи ги најуспешните компании и учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Во категоријата за најголем промет на акции, Комерцијална банка ја освои врвната позиција, додека Макпетрол АД Скопје се искачи како акција со најголем пораст на цена во текот на годината. Стопанска банка АД Скопје пак, ја однесе наградата за најголем раст на промет.
Евидентни се и успесите на овластените учесници на пазарот: Еурохаус АД Скопје ја освои бронзената награда, Илирика Инвестментс АД Скопје се закити со сребрена, додека Комерцијална банка АД Скопје го однесе златото.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Bloomberg Adria ја понесе наградата за значаен придонес во едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност, додека „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво годинава по избор на пазарните учесници беше доделено на Комерцијална банка АД Скопје, а по избор на медиумите наградата ја доби Реплек АД Скопје.
Комерцијална банка го однесе и најголемото признание – „Акција на годината“, потврдувајќи ја својата доминација на берзата. Специјални признанија за добри ESG практики добија А1 Македонија ДООЕЛ, Алкалоид АД Скопје, Атлантиц ГРАНД Скопје ДОО, НЛБ Банка АД Скопје и ТИТАН Усје АД Скопје.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
Претседателот на Македонската берза, Иван Штериев, оцени дека 2025-та била период на стабилизирање по рекордната 2024 година, истовремено подготвувајќи го пазарот за големите интеграциски чекори кои доаѓаат во 2026 година. „Глобалните берзи продолжуваат со позитивен тренд и покрај турбуленциите, а македонскиот пазар бележи благо смирување, но останува во добра кондиција. Перформансите и дивидендите на најликвидните компании, особено банките, ја одржуваат својата позитивна траекторија и тоа ќе има свој импакт и наредната година“, истакна Штериев, додавајќи дека интеграцијата со европските стандарди е неизбежна и ќе отвори нови можности за македонските компании.
Годишните награди на Македонската берза се доделуваат од 2021 година и се признание за успехот на котираните компании, членовите на Берзата и сите учесници поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.
Ezoic - wp_mid_content - mid_content
End Ezoic - wp_mid_content - mid_content



























