УТРО.мк

Раст од 14,6% во градежништвото во последниот квартал минатата година

Раст од 14,6% во градежништвото во последниот квартал минатата година
Vero

Градежниот сектор продолжува да го држи темпото на раст во Македонија, забележувајќи пораст од 14,6% во последниот квартал од 2025 година. Овој резултат доаѓа во период на интензивни инвестиции во капитални проекти, вклучително автопатишта, железници, регионални и локални патишта, како и голем број комунални проекти.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на својата социјална мрежа ја истакна значајноста на овие податоци, нагласувајќи дека растот на градежништвото е континуиран: во третото тримесечје од 2025 година забележавме импресивни 21%, додека во последниот квартал, и покрај зимските услови кои природно ја намалуваат активноста, секторот оствари 14,6% раст.

„Македонија се издвојува меѓу земјите со највисок раст на БДП, а градежништвото повторно бележи двоцифрена стапка. Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8%, што јасно ја потврдува успешноста на нашите економски и инфраструктурни политики“, напиша Николоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран