УТРО.мк

Клубот на истражувачите ја одржа својата 56. сесија

Клубот на истражувачите ја одржа својата 56. сесија
Vero

Клубот на истражувачите ја одржа својата 56. сесија во Народната банка– веќе етаблирана платформа за презентација и дебата на научноистражувачки трудови, преку која централната банка повеќе од една деценија активно ја поддржува истражувачката мисла во земјава.

Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

Во фокусот на оваа сесија беше научниот труд „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентен пристап“, изработен од Кирил Симеоновски, Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова. Настанот го отвори директорката на Секторот за монетарната политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева Терзијан, која нагласи дека станува збор за исклучително актуелна и значајна тема, директно поврзана со улогата на Народната банка во спроведувањето на макропрудентната политика и зачувувањето на финансиската стабилност.

Таа посочи дека утврдувањето на фундаменталната вредност на становите е клучно за навремено препознавање на потенцијални нерамнотежи на пазарот на недвижности, спречување на натрупување системски ризици и обезбедување стабилен финансиски систем.

Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

Во рамки на трудот е развиен посебен показател за оценка на цените на становите на македонскиот пазар, заснован на макропрудентен пристап и анализа на капацитетот на домаќинствата за позајмување. Показателот се пресметува како однос меѓу пазарната и фундаменталната вредност на недвижностите – при што повисоката пазарна цена сигнализира преценетост и помала достапност на становите, и обратно.

Анализата на пазарот на недвижности за периодот од првиот квартал на 2012 до четвртиот квартал на 2023 година укажува дека цените на становите биле преценети во речиси целиот анализиран период. Дополнително, чувствителносната анализа на макропрудентните инструменти покажува дека намалувањето на регулаторниот праг на показателот ДСТИ – инструмент што централните банки го користат за ограничување на прекумерната задолженост на населението – би довело до пониска фундаментална вредност на становите.

Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

Иако ваквата мерка би можела делумно да придонесе за намалување на цените на недвижностите, ефектот би бил ограничен, со оглед на тоа што само дел од трансакциите се финансираат преку станбени кредити. Авторите потенцираат дека резултатите треба да се толкуваат со претпазливост, бидејќи се базираат на еден од можните аналитички пристапи за процена на фундаменталната вредност на становите.

Клубот на истражувачите ги одржува своите сесии четири пати годишно, а Народната банка редовно објавува јавен повик за презентирање научни трудови, кои можат да бидат и во работна верзија. Истражувањата се усогласени со современите научни стандарди, со силна емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На сесиите учествуваат истражувачи и аналитичари од научно-образовни и финансиски институции, студенти, како и пошироката заинтересирана јавност.

Ezoic - wp_mid_content - mid_content

End Ezoic - wp_mid_content - mid_content

Членството во Клубот е отворено, а повеќе информации се достапни на: Македонски – Клуб на истражувачи

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран