УТРО.мк

Дигиталните алатки го менуваат начинот на плаќање: Погледнете како ќе ви ги пресметаат сметките оваа зима

Дигиталните алатки го менуваат начинот на плаќање: Погледнете како ќе ви ги пресметаат сметките оваа зима
Vero

„Електродистрибуција ДООЕЛ“ Скопје, по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), презеде нов сет мерки со цел потрошувачите да добиваат сметки базирани на реална, а не проценета потрошувачка.

Процентот на редовно отчитување на броилата е зголемен на 95 отсто на тримесечно и на 90 отсто на месечно ниво. Дополнително, таргетирани се 10.000 потрошувачи кои во изминатите две години поднеле приговори или поплаки, со кои е започната етапна телефонска комуникација.

Во пресрет на зимските месеци, РКЕ одржа координативен состанок со раководството на „Електродистрибуција“, на кој беа презентирани мерките за подобрување на услугата и воспоставување поефикасна двонасочна комуникација со потрошувачите. Од компанијата информираа дека за време на празниците и викендите ќе работат вонредни екипи, за да се обезбеди редовно отчитување на броилата и точни сметки.

Од 1 декември годинава, компанијата ги прошири дигиталните услуги, вклучувајќи онлајн корекција на фактури, како и поддршка за креирање кориснички профили и користење на дигиталните алатки. Потрошувачите остануваат во можност да користат услуги како „Пријави состојба“, „Е-фактура“ и јасната ознака на фактурите со „О“ за отчитана состојба или „М“ за проценета состојба.

РКЕ и „Електродистрибуција“ апелираат до граѓаните и во текот на зимскиот период да продолжат со одговорно и рационално користење на електричната енергија.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран