УТРО.мк

Божиновска: Скопје добива модерна и отпорна енергетска инфраструктура

Божиновска: Скопје добива модерна и отпорна енергетска инфраструктура
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје, инвестиција на ЕВН.

Како што истакна Божиновска, динамичниот развој на Скопје бара современа, стабилна и отпорна енергетска инфраструктура, а новата трафостаница претставува клучно решение за надминување на постојните ограничувања во системот.

„Со оваа инвестиција вредна 22 милиони евра, се создаваат услови за сигурно снабдување со електрична енергија, но и простор за понатамошен урбан и економски развој на градот“, посочи министерката.

Таа нагласи дека проектот е резултат на координирана соработка меѓу државните институции, енергетските компании и стручната јавност, со заедничка цел – изградба на модерен и одржлив енергетски систем.

Божиновска потенцираше дека Министерството за енергетика останува посветено на модернизација на критичната инфраструктура, зајакнување на сигурноста на снабдувањето и имплементација на нови технологии, кои ќе го следат урбаниот развој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран