УТРО.мк

Велигденски хорор во Скопје: Малолетник избодел врсник, па сам се пријавил во полиција

Велигденски хорор во Скопје: Малолетник избодел врсник, па сам се пријавил во полиција
Vero

Велигденската ноќ во Скопје беше одбележана со сериозен инцидент во кој малолетник со остар предмет повредил свој врсник, по што самиот се пријавил во полиција, информираат од Министерството за внатрешни работи.


Според официјалните информации, на 12 април околу 01:20 часот во Полициската станица во Шуто Оризари се пријавил малолетник од истата општина, кој признал дека неколку часа претходно, односно на 11 април околу 22:20 часот, нападнал друго малолетно лице.


Инцидентот се случил пред игротека, каде што, според првичните информации, дошло до расправија меѓу двајцата малолетници, која ескалирала во насилен напад со остар предмет. Повредениот веднаш бил пренесен на укажување медицинска помош, додека напаѓачот по неколку часа сам се појавил во полиција.


Од МВР засега не откриваат повеќе детали за степенот на повредите, но потврдуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Овој случај предизвика загриженост во јавноста, особено поради фактот што станува збор за малолетни лица и инцидент што се случил на јавно место.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран