На 9 септември 2025 година во 21:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.И. (18) од Тетово, откако кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По задржувањето во полициска станица и целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.