
На 26.01.2026 околу 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната Б.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 26.01.2026 околу 19:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово, патничко возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(23) од Куманово, удрило во С.К.(67) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 67-годишната С.К., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.



























