УТРО.мк

Трагедија на патот кај Кавадарци: Загинаа 51-годишен прилепчанец и 42-годишна сопатничка

Трагедија на патот кај Кавадарци: Загинаа 51-годишен прилепчанец и 42-годишна сопатничка
Vero

Маж на 51-годишна возраст од Прилеп и 42-годишна жена од Прилеп се жртвите во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на експресниот пат Градско–Прилеп, по исклучокот за Кавадарци.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека околу 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп, и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп.

Во несреќата, на самото место настанале смртни последици за возачот на „шкодата“ и неговата сопатничка Б.Б.(42) од Прилеп. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кавадарци.

Возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци, по што бил пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin