УТРО.мк

Тежок инцидент во Драчево: Мотор влечел 12-годишно дете по улица

Тежок инцидент во Драчево: Мотор влечел 12-годишно дете по улица
Vero

Во СВР Скопје е пријавен вознемирувачки инцидент што се случил на 25 мај 2026 година околу 14 часот на подрачјето на Драчево.

Според пријавата на 71-годишниот Б.С. од Скопје, неговиот 12-годишен внук се движел по улица кога бил забележан од моторцикл на кој се наоѓале две лица – возач и сопатник, 18-годишниот А.Х. од Скопје, кого детето наводно го познавало.

Во еден момент, сопатникот А.Х. се приближил до детето и го фатил за рака, додека моторот продолжил да се движи. Како резултат на тоа, детето паднало на коловозот и било влечено по улицата.

Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу настанот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран