Вчера околу 14:20 часот на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се случи судир меѓу три возила. Во инцидентот учествуваа патничките возила „голф“, управувано од Р.И.(53) од Тетово, „опел астра“ управувано од А.Б.(46) од Тетово, и „бмв“ управувано од Ј.А.(36) од село Непроштено, општина Теарце.
Во несреќата, возачот на „опел астра“, А.Б., се здоби со тешки повреди и е пренесен во Клиничката болница Тетово, каде му е укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, а причините за сообраќајната несреќа се во тек на утврдување.