
Вчера попладне избувнал пожар во куќата на 52 годишниот А.П. во село Нерав, кривопаланечко.
Во пожарот со повреди се здобиле Д.П. (34), А.П.(52) и С.П.(89), кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош, информираат од СВР Куманово.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка го изгаснала пожарот.



























