
Основното јавно обвинителство Скопје нареди истражна постапка против лице кое се сомничи за неовластено држење и тргување со оружје и експлозивни материи, информираат од обвинителството.
Инцидентот се случил на 13 јануари во домот на осомничениот во Чучер Сандево, каде било пронајдено автоматско оружје STEN MKII, кое е целосно забрането за граѓаните, како и 71 куршум муниција со калибар 9 mm Para. Оружјето и муницијата биле откриени откако неговата сопруга пријавила дека тој им се заканувал на неа и на нивните две ќерки, родени 2006 и 2010 година.
Според пријавата, осомничениот најпрво ја заканувал сопругата дека ќе ја запали, а потоа со нож и насилно уништувал покуќнина, заканувајќи им се и на двете деца. Поради овие дејства, тој се товари и за кривично дело – Загрозување на сигурноста.



























