На 19.12.2025 година во времето од 22:10 до 23:55 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, извршиле акциска контрола во угостителски објекти во подрачјето на СВР Тетово. При тоа во угостителски објект во Тетово на ул.,,Јован Ончески” каде како управители се пријавиле И.С.(23) и М.Ј.(22), двајцата од с.Брвеница, биле затекнати шест малолетни лица, кои биле послужени со алкохолни пијалоци. Малолетниците се предадени на нивните родители и против сопствениците ќе следува соодветен поднесок во врска со сторено кривично дело „точење алкохол на малоетници“ согласно член 204 од КЗ на РСМ, додека од страна на другите органи биле преземени мерки и активности од нивна надлежност.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title



























