УТРО.мк

Напади и закани врз малолетници во Штип: Пријавени двајца, еден од нападите бил сниман

Напади и закани врз малолетници во Штип: Пријавени двајца, еден од нападите бил сниман
Vero

СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од Штип и А.М. (18) од Струмица, со престој во Штип, поради сомнение за три кривични дела „насилство врз дете“.

Според полицијата, на 15 септември двајцата физички нападнале 15-годишник во Штип. Во текот на настанот, првопријавениот снимал со мобилен телефон.

Два дена подоцна, на 17 септември, во двор на образовна установа во градот, пријавените физички нападнале 16-годишник.

На 19 септември, за време на манифестација во Штип, повторно го пресретнале 15-годишникот од првиот случај и му упатувале закани.

Пријавата се однесува на трите настани регистрирани во период од пет дена.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран