УТРО.мк

Малолетници предизвикале пожар на автобус во училишен двор во Радовиш

Малолетници предизвикале пожар на автобус во училишен двор во Радовиш
Vero

Двајца малолетници од Радовиш синоќа предизвикале пожар на автобус кој бил паркиран во дворот на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, информираат од СВР Струмица.

Настанот бил пријавен на 25 јануари 2026 година околу 20:30 часот во Полициската станица Радовиш, откако било забележано дека гори автобус во училишниот двор. На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Радовиш, која успешно го изгаснала пожарот. Повредени лица нема.

По преземени мерки и активности, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил намерно предизвикан од двајца малолетници. Со нив биле извршени службени разговори во присуство на нивните родители, при што тие го признале делото. Од нив била одземена и запалката со која го предизвикале пожарот.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран