УТРО.мк

Крадец се заглавил на оградата од црквата во Кочани – Интервенирале полицијата, ТППЕ и итната помош

Крадец се заглавил на оградата од црквата во Кочани – Интервенирале полицијата, ТППЕ и итната помош
Vero

Според информациите на Радио Кочани, крадец се заглавил на оградата од црквата „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани при обид за кражба, по што интервенирале полицијата, ТППЕ и Итната медицинска помош.

Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект. 

Според првичните информации, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на оградата околу храмот. 

На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето. Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава, што дополнително ја вознемири јавноста.

Извор: radiokocani

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран