УТРО.мк

Хорор во Гостивар: Син го убил татко си и се обидел да го прикрие делото

Хорор во Гостивар: Син го убил татко си и се обидел да го прикрие делото
Vero

Основното јавно обвинителство во Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на градот, осомничен за кривично дело убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Според информациите, настанот се случил во семејниот дом во населбата Дутлок, каде по претходни недоразбирања избувнала расправија меѓу татко и син. Во текот на конфликтот, осомничениот физички го нападнал таткото, нанесувајќи му тешки повреди со раце и тврди предмети, од кои подоцна починал.

По извршувањето на делото, осомничениот се обидел да ги прикрие трагите. Тој го измил телото на починатиот и го подготвувал за погреб, со цел да го сокрие кривичното дело.

Случајот бил откриен по анонимна пријава од странски телефонски број, по што полициски службеници веднаш излегле на лице место. Увид извршил јавен обвинител, кој наредил и обдукција на телото.

До судија на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и прикривање на докази.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран