
Инцидент на кошаркарски натпревар во Куманово резултираше со кривична пријава против млад скопјанец, откако неговото непримерно однесување довело до повреда на малолетник.
Според информациите од полицијата, СВР Куманово поднело пријава против 24-годишниот Б.Б. од Скопје, осомничен за кривично дело „насилство“. Настанот се случил на 21 февруари 2026 година, во спортска сала во Куманово, за време на натпревар меѓу МКК Куманово и МЗТ Скопје.
Како дел од навивачка група, пријавениот се однесувал агресивно и непримерно, при што фрлил монета кон публиката на домашниот тим. Металниот предмет погодил 13-годишно дете, кое се здобило со повреди.























