УТРО.мк

Вечерва Парламентот одлучува: Јавниот сектор во Грција стапува во 24-часовен штрајк против буџетот

Вечерва Парламентот одлучува: Јавниот сектор во Грција стапува во 24-часовен штрајк против буџетот
Vero

Додека грчките пратеници се подготвуваат вечерва да го притиснат копчето „за“ или „против“ државната каса за 2026 година, улиците на Атина веќе го дадоа својот глас. Со силен револт и парализирана администрација, синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) утрово ја „заклучи“ земјата со 24-часовен штрајк, испраќајќи јасна порака до владата на Кирјакос Мицотакис: овој буџет не е наш.

Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

За синдикалците, новиот буџет е „антиграѓански декрет“ кој го стега обрачот околу работниците со нови даночни товари, додека истовремено „сервира“ привилегии за крупниот капитал. Овој пат, гневот на државните службеници се слеа во едно со маката на земјоделците, создавајќи обединет фронт против економските политики на Атина.

Во штрајкувачкиот бран учествуваат и од образовниот кадар (наставници и професори), медицинските работници од државните болници и од локалната самоуправа и градоначалниците, кои стравуваат за опстанокот на општините.

Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

Додека пред зградата на Парламентот се најавуваат масовни протести под покровителство на АДЕДИ и комунистичкиот синдикат ПАМЕ, внатре во собраниската сала атмосферата е наелектризирана. Вечерашното гласање е многу повеќе од обична процедура – тоа е традиционален тест за доверба на владата.

Иако опозицијата жестоко го критикува планот, се очекува владејачката Нова демократија, со своето стабилно мнозинство, сама да го „протурка“ буџетот.

Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

Од другата страна на барикадите, премиерот Мицотакис црта поинаква слика. Тој буџетот го нарекува „реформски патоказ“ кој треба да ја трансформира земјата. Неговите проекции се оптимистични: раст од 2,4% на БДП, соборување на невработеноста на 8,6% и скротување на инфлацијата до 2,2%.

„Ова не е само план за 2026 година, туку нашата национална стратегија до 2030 година. Градиме земја која е непрепознатлива во споредба со онаа што ја затекнавме,“ порача Мицотакис, ветувајќи поддршка за средната класа и семејствата.

Ezoic - wp_mid_content - mid_content

End Ezoic - wp_mid_content - mid_content

Дали овие бројки ќе значат подобар живот за Грците или само нов статистички успех на хартија, ќе покаже времето. Но, судејќи по денешната слика од атинските улици, патот до таа „нова Грција“ ќе биде поплочен со сериозен социјален отпор.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран