Грчките земјоделци повторно го блокираат граничниот сообраќај со нашата земја. Попладнево, премините Евзони и Ники ќе бидат затворени – првиот за сите возила, вториот само за товарни, како што веќе неколку дена е пракса. Во очекување на попладневниот состанок на земјоделците од цела Грција, каде ќе се одлучува за следните чекори, блокадите продолжуваат да создаваат хаос на граничните премини.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
На Евзони, каде веќе 18 дена се паркирани над 300 трактори, сообраќајот ќе биде во прекин од 18 до 22 часот по локално време. На Ники (Меџитлија), товарните возила нема да можат да влезат или излезат од Грција од 19 до 23 часот. Слични блокади има и на премините Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за камиони.
Состанокот на земјоделците од цела Грција е закажан за 14 часот во Серес, каде ќе се решава дали да ја прифатат поканата на Владата за дијалог или да продолжат со блокадите и за време на Божиќ.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Меѓутоа, протестите не се ограничуваат само на границата. Над 60 блокади се активни низ целата земја, а најголемиот застој е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса, на автопатот Солун – Атина, каде сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.
Блокадите на Евзони започнаа на 1 декември, кога земјоделците од регионот на Пеонија и Јаница пристигнаа со околу 300 трактори, кои и денес остануваат паркирани на грчката страна.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
По состанокот во саботата, земјоделците одлучија да не се сретнат со грчкиот премиер, туку испратија јавно писмо со своите барања. Меѓу нив се:
- итна исплата на сите долгови што државата им ги должи;
- гарантирани минимални цени кои покриваат трошоци за производство;
- намалување на трошоците за производство и надомест на изгубениот приход за 2025 година;
- запирање на масовниот увоз и лажно прикажување на странски производи како домашни;
- итно двојно зголемување на земјоделските пензии;
- решавање на скандалот со ОПЕКЕПЕ и враќање на украдените европски субвенции.
Министерот за земјоделство на Грција, Костас Циарас, ги повика земјоделците на дијалог и ја остави отворена можноста за нови мерки за поддршка, но засега протестите продолжуваат да ја парализираат земјата.



























