УТРО.мк

Нова провокација од Атинa: грчки пратеник бара реакција поради македонци во Германија

Нова провокација од Атинa: грчки пратеник бара реакција поради македонци во Германија
Vero

Грчки пратеник побара официјална реакција од владата во Атина поради активности на Македонци во Германија, кои според него претставуваат „пропаганда“.
Станува збор за Андреас Ворилас, пратеник од партијата Ники, кој од говорницата на грчкиот парламент поставил пратеничко прашање до министерот за надворешни работи.


Тој реагира на активности во германскиот град Хановер, каде функционира училиште со настава на македонски јазик, поврзано со македонскиот клуб „Илинден“.


Според Ворилас, проблематична е и употребата на симболот Сонцето од Кутлеш (Вергина), кој Македонците го користеле, што тој го оцени како „промовирање на псевдо-македонски идентитет“.
Пратеникот ги квалификувал овие активности како фалсификување на историјата и побарал од грчката влада дипломатски да реагира, сметајќи дека ваквите појави во Европа го нарушуваат грчкото историско наследство.


Оваа реакција се вклопува во пошироките позиции на партијата Ники, која не го признава македонскиот национален идентитет, јазик и симболи, сметајќи дека тие се дел од грчката историја.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран