
Од 1 јануари, патниците кои минуваат низ граничниот премин Евзони веќе нема да можат да купат цигари и тутун во фри-шоповите. Грчките власти соопштија дека овој вид производи нема да се врати во понудата, поради тоа што разликата во цените речиси се избриша, па купувањето преку граница повеќе не носи финансиска предност.
Фри-шопот во Евзони досега беше добро познато место за оние кои сакаа да заштедат на тутунски производи. Сега, купувањето преку граница нема да биде економски мотивирано, а вниманието се преместува кон хармонизацијата на цените на акцизните производи и борбата против шверцот.



























