
Грција повторно се подготвува за масовни протести на земјоделците, кои најавија 48-часовна блокада на националната патна мрежа, вклучувајќи ги споредните патишта и главните автопатишта, како и граничните премини – но најверојатно само за камионите. Одлуката беше донесена на голем состанок во Малгара, во близина на Солун, каде учество зедоа претставници на 62 земјоделски блока од целата земја.
Протестите, кои започнаа на 30 ноември, се одговор на растечките трошоци за производство и ниските откупни цени на земјоделските производи, како и на скандалот со европските субвенции. Главното барање на земјоделците е исплатата на заостанатите субвенции.
На состанокот беше одлучено интензивирање на протестите веднаш по празникот Водици на 6 јануари, со цел блокада на главните автопатишта и практично „поделба“ на земјата на два дела. Граничните премини ќе бидат затворени за камионите, додека автомобилите и автобусите ќе можат непречено да се движат.



























