УТРО.мк

Глисер со мигранти се судри со патролен брод во Егејското Море – најмалку 15 загинати

Глисер со мигранти се судри со патролен брод во Егејското Море – најмалку 15 загинати
Vero

Во трагедија кај островот Хиос во Егејското Море, смртоносен судир меѓу патролен брод на грчката крајбрежна стража и глисер со мигранти однесе најмалку 15 животи. Уште 26 лица се извлечени со повреди, меѓу кои има мажи, жени и деца, јавуваат грчките медиуми.

Спасувачките екипи досега пронашле тела на 11 мажи и четири жени, додека потрагата по исчезнатите продолжува со засилено темпо. Во болниците се згрижени седум мажи, седум жени и 11 деца, чии повреди варираат по тежина. Морето во областа и понатаму го пребаруваат бродови и хеликоптери, во обид да се утврди дали има уште жртви.

Според официјалното соопштение на крајбрежната стража, инцидентот се случил за време на обид за пресретнување на глисер во кој имало околу 35 мигранти. По вклучувањето на предупредувачките светла и звучните сигнали, лицата кои управувале со глисерот, осомничени за шверц на мигранти, наводно маневрирале кон патролниот брод, при што дошло до директен судир. Околностите под кои се случила несреќата сè уште се предмет на истрага.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран