УТРО.мк

Блокадите на превозниците од Србија и БиХ продолжуваат – министерскиот состанок помеѓу ЕК и министрите од Западен Балкан ќе се одржи во вторник

Блокадите на превозниците од Србија и БиХ продолжуваат – министерскиот состанок помеѓу ЕК и министрите од Западен Балкан ќе се одржи во вторник
Vero
kamion
kamion

Граничните премини кон земјите од Европската унија продолжуваат да се соочуваат со прекини во протокот на стоки поради протестите на камионските превозници од Србија и Босна и Херцеговина, кои петти ден по ред ги блокираат товарните терминали. Во меѓувреме, возачите од Црна Гора и Северна Македонија го прекинаа својот протест, откако Европската комисија претстави нова визна стратегија која би го олеснила престојот на професионалните возачи во Шенген зоната.

Во врска со кризата, на 3 февруари е закажан состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на ЕК. Целта на средбата е да се најде трајно решение за ограничувањата со кои се соочуваат превозниците на територијата на Шенген, а за тоа вчера шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, телефонски ја информира претседавачката со Советот на министри, Борјана Кришто.

Тие разговараа за сериозните последици од блокадите – прекин на непречениот проток на стоки и нарушување на меѓународниот транспорт, кои се директно погодени од протестите. Новата визна стратегија на ЕУ, како што најави Комисијата, има за цел да обезбеди поголема флексибилност за прекуграничните работници и да им овозможи полесно движење на професионалните возачи.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран