Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше по последните откритија на антикорупциските власти, повикувајќи на разрешување на министрите за правда и енергетика додека трае истрагата, пренесува „Гардијан“.
„Ова е прашање на доверба. Ако постојат обвинувања, на нив мора да се одговори“, изјави Зеленски преку својата објава на Телеграм.
Претседателот побарал од премиерката Јулија Свириденко да побара писмени оставки од министрите за да не продолжат да вршат влијателни функции додека се спроведува истрагата.
Зеленски нагласи дека е „апсолутно неприфатливо“ што во услови на сериозни енергетски предизвици и руски напади врз украинската инфраструктура, сè уште постојат корупциски шеми во енергетскиот сектор.
Според него, чистењето на институциите и враќањето на довербата во јавниот сектор е клучно за стабилноста и кредибилитетот на државата.























