УТРО.мк

WSJ: Ако Европа не се вмешала… Русија и САД одамна ќе постигнеле договор за Украина

WSJ: Ако Европа не се вмешала… Русија и САД одамна ќе постигнеле договор за Украина
Vero

Русија и САД веројатно одамна би нашле заедничко решение за украинскиот конфликт доколку Европа не се вмешала во процесот, пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на анонимен висок француски функционер, пренесува „Спутник“.

Според истиот извор, доколку Европјаните не се вмешале, рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп веќе ќе биле договориле форма на мировно решение. Тој додава дека Европа денес останува сама, бидејќи САД се дистанцираат од регионот, што значи дека европските држави ќе мора повеќе да се потпираат на сопствените капацитети.

Весникот потсетува и на реакциите по објавата на Блумберг, кој претходно објави транскрипт од разговор меѓу помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф. По таа објава, многумина стекнале впечаток дека администрацијата на Трамп е повеќе заинтересирана за оживување на односите и економската соработка со Русија отколку за одбраната на НАТО.

Блумберг претходно објави транскрипти од телефонските разговори на Ушаков со Виткоф и со Кирил Дмитриев – директор на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за економска соработка со странство.

Дмитриев ја оцени содржината објавена од Блумберг како целосно невистинита.

Агенцијата тврди дека ја прегледала аудиоснимката од разговорот од 29 октомври, во кој наводно се дискутирале можни форми на соработка меѓу Москва и Вашингтон за изнаоѓање решение за украинскиот конфликт.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран