УТРО.мк

Во израелски напади врз Газа загинаа 41 лице – 29 настрадани во близина на пункт за хуманитарна помош

Во израелски напади врз Газа загинаа 41 лице – 29 настрадани во близина на пункт за хуманитарна помош
Vero

Најмалку 41 лице го загуби животот денеска во израелски воздушни напади на различни локации низ Појасот Газа, соопштија здравствени извори од палестинските болници. Од нив, 29 лица загинале во близина на центарот за дистрибуција на хуманитарна помош на организацијата GHF во Рафах.

Инцидентот се случил додека голем број граѓани биле собрани во обид да набават основни животни намирници, пренесе „Ал Џазира“.

Според проценките, од крајот на мај досега, околу 900 лица загинале во слични околности – чекајќи помош во близина на пунктови за дистрибуција на храна.

Палестинските медицински служби известуваат дека во денешните напади се повредени најмалку 100 лица.

Хуманитарната состојба во Газа останува критична, додека насилствата продолжуваат без прекин.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран