УТРО.мк

Вирално видео од влезот на Русите во Покровск изгледа како сцена од „Mad Max“

Вирално видео од влезот на Русите во Покровск изгледа како сцена од „Mad Max“
Vero

Руски трупи се пробиваат подлабоко во источните украински градови Покровск и Купјанск. На социјалните мрежи кружи видео што го прикажува влезот на руските војници во Покровск, возејќи мотори, но и на кровови од разурнати автомобили и комбиња.

Снимката е објавена од руски воени блогери, кои наведуваат дека прикажува војници како влегуваат во градот низ магла. Многу корисници на Телеграм го споредија видеото со филмот Mad Max (1979), култен постапокалиптичен класик во кој светот тоне во хаос и пустош.

На снимката се гледа колона руски сили на мотори и импровизирани возила, кај многу од нив без врати и прозорци. Се движат по пат покриен со остатоци, додека ги следат војници и дрон кој лебди над нив. На еден кадар, неколку војници седат на кров на целосно уништено возило, додека во позадина се наѕираат урнатини и густ чад.

Иако нема официјална потврда за локацијата, детали како распоредот на патиштата, знаците, кулата и дрвјата одговараат на Покровск според достапните сателитски снимки.

Русија објави дека продолжува да напредува кон Покровск и освоила и едно село. Московските власти тврдат дека заземањето на Покровск, кој руските медиуми го нарекуваат „вратата на Донецк“, би овозможило понатамошно напредување кон север, кон Краматорск и Славјанск – последните поголеми градови во Донецката област што сè уште се под контрола на Украина.

Russian Mad Max!Reportedly south of#Prokovsk!#UkraineFrontLinespic.twitter.com/b28RzmNMgE— Boris Alexander Beissner (@boris_beissner)November 10, 2025

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран