
Снимка од рускиот претседател Владимир Путин предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи, откако корисници почнаа да тврдат дека видеото било отстрането од официјалните канали на Кремљ кратко по неговото објавување.
Според објавите што кружат на интернет, снимката првично била објавена преку руската државна агенција ТАСС, а подоцна наводно била повлечена од веб-страницата на Кремљ.
Корисниците на социјалните мрежи посочуваат дека вниманието го привлекол момент во кој Путин извикува „ура“, при што дел од коментарите шпекулираат за неговата состојба и настап.
Сепак, засега нема официјално објаснување за евентуалното отстранување на снимката, ниту потврда дека причината е поврзана со самиот настап на рускиот претседател за кои се тврди дека не е во добра состојба па затоа Кремљ го отстранил видео во кое Путин не успеал правилно да извика тројно „ура“
Видеото во меѓувреме продолжува да се споделува на различни платформи, каде предизвикува различни реакции и толкувања.















