УТРО.мк

ВИДЕО од масовниот руски напад врз Киев: ужасни сцени од ракети и дронови кои погодија станбени згради

ВИДЕО од масовниот руски напад врз Киев: ужасни сцени од ракети и дронови кои погодија станбени згради
Vero

Киев во текот на ноќта беше цел на еден од најголемите комбинирани руски воздушни напади во последниот период, откако украинските власти пријавија бранови од ракети и беспилотни летала насочени кон главниот град и околните области. Според информациите од терен, нападите започнале околу 1 часот по локално време и продолжиле во неколку бранови во текот на ноќта.


На социјалните мрежи и во видеата што кружат на интернет се гледаат моменти од воздушните удари, активирање на украинската противвоздушна одбрана, како и лет на руски крстосувачки ракети и дронови над Киев. Во објавите се наведува дека во нападите биле користени ракети „Кх-101“, како и дронови од типот „Шахед“. Сепак, дел од информациите што се шират на социјалните мрежи не се независно потврдени.


Украинските власти соопштија дека штета е регистрирана во повеќе градски области, меѓу кои Шевченковски, Соломјански, Оболонски, Днепровски и други делови на Киев. Пријавени се оштетени станбени згради, куќи, деловни објекти, трговски центри, магацини и возила, а на неколку локации избувнале пожари.


Според последните информации, во нападот има загинати и десетици повредени лица, додека спасувачките и медицинските екипи интервенираат на повеќе локации низ градот. Украинските власти наведуваат дека погодени биле над 40 различни објекти и локации.


Во пресрет на нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постојат индикации за подготовка на поширок комбиниран напад, при што беше спомената и можност за употреба на ракетата „Орешник“. Дел од медиумите објавија дека биле издадени предупредувања за потенцијално лансирање, но официјална потврда за нејзина употреба засега нема.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран