УТРО.мк

(ВИДЕО) Драматична сцени од Киев: Руката ракета Орешник пробила повеќе бетонски нивоа во елитниот комплекс “Trinity”

(ВИДЕО) Драматична сцени од Киев: Руката ракета Орешник пробила повеќе бетонски нивоа во елитниот комплекс “Trinity”
Vero

Драматични сцени од Киев: Ракета пробила повеќе бетонски нивоа и погодила подземна гаража во елитен комплекс

Нови драматични информации пристигнуваат од Киев по масовниот руски напад врз украинската престолнина. Според објави на странски медиуми и информации што се шират на социјалните мрежи, ракета погодила подземна гаража во елитниот станбен комплекс „Trinity“ во областа Печерск, притоа пробивајќи повеќе бетонски нивоа.

На снимките и фотографиите објавени по нападот се гледаат сериозни оштетувања на објектот, додека во околината се забележуваат скршени прозорци и последици од силната експлозија.

Нападот е дел од големиот бран воздушни удари врз украинската престолнина, при што според претходните информации Русија користела комбинација од крстосувачки ракети и беспилотни летала. Во повеќе делови од Киев беа пријавени оштетувања на станбени објекти, деловни згради и инфраструктурни објекти.

Локалните власти соопштија дека нападите предизвикале материјална штета во неколку градски области, додека спасувачките екипи продолжуваат со расчистување на теренот и проценка на последиците.

Информациите за конкретниот удар во комплексот „Trinity“ засега циркулираат преку медиумски и интернет-извори, додека официјалните институции продолжуваат со проверка и утврдување на целосните детали.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран