Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 21 ноември му даде ултиматум на венецуелскиот лидер Николас Мадуро да ја напушти земјата во рок од една недела, рок кој истече на 28 ноември.
Мадуро бил подготвен да замине само доколку добие „полнa законска амнестија“, укинување на санкциите против себе и своите соработници, како и привремена влада предводена од потпретседателката Делси Родригез до нови избори.
Според извори, Трамп ги одбил поголемиот дел од барањата на Мадуро. На 29 ноември Трамп го затвори воздушниот простор над Венецуела, соопштувајќи дека тој е целосно затворен за авиокомпании, пилоти и трговци со дрога. Преговорите за заминување на Мадуро можат да продолжат.



























