Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ситуацијата со актуелната меѓународна криза е „тешка“, но дека Вашингтон работи на пронаоѓање решение. На состанок на кабинетот во Белата куќа, Трамп истакна дека американска делегација е во Москва во обид да се намали тензијата.
„Се обидуваме да го решиме ова прашање. Завршив осум војни, ова ќе биде деветта, а нашите луѓе се во Русија токму сега за да видат дали можеме да постигнеме решение. Тоа е тешка ситуација“, изјави Трамп.
Во Москва, рускиот претседател Владимир Путин одржа средба со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, кој оваа година шест пати престојувал во Русија. На разговорите присуствувале и советникот Јуриј Ушаков, како и директорот на RFDIF и претседателски претставник за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев.
Американската делегација дополнително ја сочинува и Џаред Кушнер, зет и доверлив соработник на претседателот Трамп.



























