Американскиот претседател Доналд Трамп упати силна порака до нигериските власти, предупредувајќи дека доколку не се сопре насилството врз христијаните, САД ќе ја прекинат целата помош за Нигерија и би можеле да интервенираат воено.
„Ако нигериската влада продолжи да дозволува убиства на христијани, САД веднаш ќе ја запрат секоја помош и поддршка за Нигерија и можеби ќе влезат во таа сега обезчестена држава, ’со сите оружја вперени‘, за целосно да ги уништат исламските терористи кои ги извршуваат овие ужасни злосторства,“ напиша Трамп во објава на својата платформа Truth Social.
Тој додаде дека го задолжил Одделот за војна да се подготви за можна акција и предупреди дека евентуалниот напад ќе биде „брз, жесток и сладок“.
„Внимание: нигериската влада мора брзо да реагира!“, порача американскиот претседател.
Објавата предизвика големи реакции во меѓународната јавност, со оглед дека станува збор за реторика што потсетува на директна воена закана кон сојузничка земја во Африка.
Нигерија досега не излезе со официјален одговор на пораката од Вашингтон.































