УТРО.мк

Трамп: Неверојатно – на скала од еден до десет, состанокот беше дванаесет

Трамп: Неверојатно – на скала од еден до десет, состанокот беше дванаесет
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг се сретнаа во Бусан, Јужна Кореја, на повеќе од 90-минутен состанок, прв по шест години, по кој Трамп изјави дека средбата била „неверојатна“.

Трамп нагласи дека има добар однос со Си, иако го опиша како „тежок преговарач“. Двајцата лидери разговарале за трговските односи, фентанилот, како и за производството на полупроводнички чипови, но не и за Тајван или за кинеската нафтена трговија со Русија.

По средбата, Трамп изјави дека е постигнат напредок во односите меѓу САД и Кина, најавувајќи намалување на царините за 10%, со што вкупните американски давачки на кинеска стока ќе изнесуваат 47%. Тој потврди дека ќе ја посети Кина во април, а Си подоцна ќе допатува во Вашингтон.

Кина, според договорот, ќе зголеми купување на американска соја и земјоделски производи, а ќе ја одложи контролата на извозот на ретки метали за една година.

„На скала од еден до десет, овој состанок беше дванаесет. Си е исклучителен лидер на многу моќна земја,“ изјави Трамп.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран